Откриено колку време треба да помине помеѓу две дози за да се обезбеди најдобра заштита од Ковид 19

од Stefanija Kuzmanovska

Подолг интервал помеѓу првата и втората доза на вакцината на Фајзер, ќе предизвика имунолошкиот систем да произведе повеќе антитела за борба против инфекцијата, открија британски научници.

Резултатите од студијата ја поддржуваат одлуката на Велика Британија да го продолжи интервалот помеѓу првата и втората доза на вакцината на 12 недели од почетните три недели. Осум недели се чини дека е најдобриот временски интервал помеѓу приемот на првата и втората доза на вакцината во борбата против делта сојот, додаваат експертите, пренесува Би-Би-Си.

Студијата беше финансирана од државата, а беше објавена само во пред-печатено издание и сè уште не е разгледана.

Еве неколку заклучоци од таа студија:

-И краткиот и подолгиот временски интервал меѓу двете вакцини на Фајзер генерираа силни имунолошки одговори како целина.

-Интервал од три недели произведува помалку неутрализирачки антитела кои се придржуваат кон вирусот и го спречуваат неговото инфицирање на клетките во споредба со интервалот од десет недели, нивото на антитела паѓа по првата доза, но нивото на Т-клетките – вториот вид на имунолошки клетки – останува високо,

-Подолг интервал помеѓу двете вакцини доведува до помал број на Т-клетки како целина, но до поголем дел од одреден тип или подгрупа, наречени помошни Т-клетки, кои, според истражувачите, ја зголемуваат имунолошката меморија.

Професорката Сузан Дуанчи, главна истражителка на студијата Пич на Универзитетот во Оксфорд, рече дека две дози се подобри од една, но дека времето на втората доза е нешто флексибилно, во зависност од околностите.

Слични содржини