Откриено од каде протекуваат информациите од Белата куќа за здравјето на Трамп

од Nikola Popovski
220 прегледи

Како што дознава „CNN“ од два упатени извори, шефот на персоналот на Белата куќа, Марк Медоуз е означен како „доверливиот анонимен извор од Белата куќа“, кој во неофицијален разговор со новинарите објавил за здравствената состојба на Трамп, кои се разликувале од оние официјалните кои нешто порано медиумите ги добиле од воениот доктор Шон Конли.

Во саботата, Медоуз неформално изјавил пред група новинари дека во последните 24 часа здравствената состојба на претседателот Трамп и неговите витални функции се причина за загриженост и дека следните 48 часа ќе бидат критични за неговото закрепнување.

„Претседателот сè уште не е на патот кон целосно закрепнување“, рекол Медоуз, меѓу другото, во разговор со новинарите за кои подоцна известуваа Асошиејтед Прес и Њујорк Тајмс.

Си-Ен-Ен од близок соработник на претседателот дознал дека откако слушнал за разговорот на Медоуз со медиумите, претседателот Трамп бил многу бесен.

После тоа, вработените во Белата куќа продолжија да зборуваат за здравствената состојба на претседателот со избрани зборови и со многу умерен тон, со цел да се избегнат понатамошни контроверзии по тоа прашање.

Според Си-Ен-Ен, Трамп е незадоволен од Медоус како шеф на персоналот на Белата куќа затоа што смета дека го нарушил кредибилитетот на официјалната комуникација за здравствената состојба на претседателот по неговото префрлување во воената болница Валтер Рид во близина на Вашингтон.

Слични содржини