Откриено од што починала кралицата Елизабета Втора

од Stefanija Kuzmanovska
358 прегледи

Кралицата Елизабета Втора, која почина на 8 септември во замокот Балморал во Шкотска, починала од старост, се наведува во нејзината умреница која е објавена денеска.

Кралицата Елизабета почина три часа пред јавноста да биде информирана за нејзината смрт.

Веста за смртта на кралицата ја објави нејзината ќерка принцезата Ана.

Кралицата почина во 15.10 часот по локално време, што потврдува дека некои од најблиските членови на кралското семејство не стигнале до замокот за да се простат со неа.

Во моментот на нејзината смрт, во замокот биле само нејзината ќерка Ана и кралот Чарлс и неговата сопруга Камила.

Британската премиерка Лиз Трас била информирана за смртта на кралицата во 16:30 часот по локално време.

Истата причина за смрт е наведена и во умреницата на смртта на нејзиниот сопруг принцот Филип, кој почина во април минатата година на 99-годишна возраст.

Кралицата беше погребана во капелата Свети Џорџ во Виндзор, каде почива покрај нејзиниот сопруг принцот Филип и нејзините родители.

Слични содржини