Писмото, напишано од сегашниот турски претседател Реџеп Тајип Ердоган додека беше во затвор во 1999 година, се појави по скоро 22 години.
Писмото е откриено по смртта на поетот Ахмет Тевфик Озан, кому му било упатено, пренесуваат турските медиуми.
Ердоган помина четири месеци во затвор во 1999 година. Тој беше осуден за „повикување на насилство и верска и расна омраза“ за време на демонстрациите против забраната на неговата партија една година порано, кога беше градоначалник на Истанбул, поради што мораше да си поднесе оставка.
Cumhurbaşkanı Erdoğan'ın cezaevinden gönderdiği mektup, 22 yıl sonra ortaya çıktıhttps://t.co/QvdwTnCZzO pic.twitter.com/3OlxMSy8E6
— Sputnik Türkiye (@sputnik_TR) February 8, 2021
Додека бил во затвор, Ердоган се допишувал со поетот, а неговото ракописно писмо сега го обелодени синот на поетот, по неговата смрт.
„Почитуван д-р Озан, ги добив вашите дела што ми ги испративте. Ви благодарам. На овој начин сакам Алах да не поздрави, да се смилува и да нè благослови. Ние сме на привремено место. Алах нека ве заштити“, напишал Ердоган.
Мехмет Сејда Озан, син на поетот и професор на универзитетот Ерчиј, изјави дека писмото се нашло меѓу важните документи кои ги средувале по смртта на неговиот татко.
„Тој писмото ни го спомена и порано, но не ги кажа деталите. Бевме многу изненадени кога го видовме. Татко ми му напишал писмо за поддршка, но не можевме да најдеме копија од тоа. Потоа претседателот одговорил со благодарница“, рече Озан.
#Elazığ'da 22 yıl sonra eşyalarının arasında bulundu! Erdoğan'ın mektubu ilk kez ortaya çıktıhttps://t.co/QO1jRcSaOG pic.twitter.com/VTuwLOg6Rh
— internethaber.com (@internethaber) February 8, 2021