Велика Британија била многу загрижена пред две години поради можноста рускиот претседател Владимир Путин да биде блиску до употреба на нуклеарно оружје во Украина во 2022 година. Ова е наведено во книгата „Out of the Blue“, биографија на поранешната британска премиерка Лиз Трас. Според книгата, таа била загрижена дека и на Велика Британија ќе биде загрозена од нуклеарно зрачење, а последните денови ги поминала во кабинетот на премиерот подготвувајќи се за радијација што може да ја погоди Британија, пренесува британски „Телеграф“.
Во книгата се наведува дека американското разузнавање заклучило дека има 50 отсто шанси Русија да распореди тактичко нуклеарно оружје во Украина или над Црното Море.
Трас поминувала часови проучувајќи ги сателитските временски податоци и правците на ветерот бидејќи се плашела дека тоа би можело да има последици за Британија.
Новата книга „Војна“, напишана од новинарот Боб Вудворд (познат од аферата Вотергејт), пишува дека Белата куќа верувала, врз основа на разузнавачки информации, дека има 50 проценти шанси Русија да распореди нуклеарно оружје на бојното поле.
Тој период, тогашниот американски претседател Џо Бајден изјави дека постои одредена закана од Русија да распореди нуклеарно оружје и дека тоа е прва таква закана по кубанската ракетна криза во 1962 година.
Сега, откако Доналд Трамп победи на претседателските избори во САД, постојат многу стравувања дека тој ќе ја принуди Украина трајно да се откаже од делови од земјата што ги држи Русија, за да воспостави мир. Трамп вети дека ќе стави крај на конфликтот во Украина.