Откриено во кое училиште Коста К. ќе го заврши основното образование

од Stefanija Kuzmanovska
570 прегледи

Министерот за образование на Србија, проф. Д-р Славица Ѓукиќ Дејановиќ, за „Телеграф.рс“ изјави дека Коста К., ученикот кој го изврши масакрот во ОУ „Владислав Рибникар“ во Белград, најверојатно ќе го заврши основното образование во училиштето „Д-р Драган Херцог“.

Медиумите објавија дека наставничкиот совет на ОУ „Владислав Рибникар“ веќе донел одлука за исклучување на ова момче од училиштето.

Министерката во моментот не можела да го потврди тоа, но објаснила дека претпоставува дека најверојатно наставничкиот совет ќе изрече укор, што подразбира понатамошно школување во друго училиште.

„Бидејќи не е во состојба да посетува училиште бидејќи е во здравствена установа, училиштето ‘Д-р Драган Херцог’ е задолжено за децата кои се на болничко лекување“, објаснила министерката.

Основното образование е задолжително.

Слични содржини