Откриено зошто никој не можел да го смири Луис за време на јубилејната прослава

од Stefanija Kuzmanovska

Мајк Тиндал, сопругот на најстарата внука на кралицата, Зара Филипс, откри дека шеќерот бил причина за немирното однесување на принцот Луис за време на јубилејната програма на кралицата.

„Луис само сакаше да се забавува. А моите две ќерки се секогаш непослушни, па тешко е да се смират. Имаше многу слатки наоколу, па беше вклучен и многу шеќер“, изјави поранешниот рагбист Тиндал во едно британско шоу. Тој додаде дека на помладите членови на кралското семејство им било многу тешко да молчат во текот на целата програма.

„Сите се мали… а тоа трае долго. Но, како што знаат сите родители, правите се што е потребно“, заклучил Мајк, кого британските медиуми го нарекоа „кул вујко“ затоа што цело време се обидувал да го забавува Луис како и неговите две ќерки Миа и Лена. Тој и неговата сопруга Зара го имаат и синот Лукас.

Да потсетиме, принцот Луис беше вистинска ѕвезда на јубилејот на кралицата, правејќи гримаси и детски лудории, па не можеше да го смири ниту неговата мајка Кејт Мидлтон.

Слични содржини