Тим на британски експерти продолжи да развива уред за откривање на зарази со корона во затворени простории: во авиони, училишта, канцеларии, домови за стари лица, ресторани…
Овој вид на детектор на вируси може да открие за само петнаесет минути доколку има заразени луѓе во просторот кој го скенира и со посебни сензори што ги испраќа до најблиската база, може да укаже на пациентот.
Точноста на уредот, потврдено е, се споредува со лабораториските тестови на корона. Функционира со откривање на мирисот на телото на заразената личност или неговиот здив. Оспособен е да открие заразени лица кои не покажале симптоми на вирусот, па затоа е попрецизен, тврдат Британците, отколку тестовите за PCR.
Работата на уредот најпрво ја започнаа научниците од Универзитетот во Дурам и Лондонската школа за хигиена и тропска медицина и тие ја потврдија скоро 100% веродостојноста на детекторот. Сепак, британските експерти ќе продолжат да работат на ова откритие со цел визуелно да го донесат уредот до совршенство.