Американските научници ја открија структурата на ензимот наречен NSP16, кој вирусот Ковид-19 го користи за да го измами имунолошкиот систем и да добие пристап до домашни клетки кои ги зграпчува за да се размножува.
Откритието би можело да доведе до нови лекови за пациентите со Ковид-19, што би спречило вирусот да минува низ имунолошкиот систем, пренесува британскиот „Скај њуз“.
Ензимот се користи за модифицирање на нешто што се нарекува гласник РНК, кој „им кажува“ на клетките дека се протеини и им кажува да создаваат нови.
„Тоа е камуфлажа. Тоа е модификација, која ги лаже клетките“, изјавил д-р Јогеш Гупта од Универзитетот во Тексас.
Дешифрирањето на структурата на ензимот може да им овозможи на истражувачите да развијат лекови – нови мали молекули кои би можеле да го спречат NSP 16 да направи измени, пренесуваат светските медиуми.
Во тој случај, наводно, имунолошкиот систем би го препознал нападот на вирусот и би можел да возврати.
„Работата на Јогеш ја откри 3Д структурата на клучниот ензим на вирусот Ковид-19, потребен за репродукција. Ова е значаен напредок во нашето разбирање на вирусот”, изјавил коавторот на студијата Роберт Хром.