Открива многу: Реакцијата на Хари кога му се доближија Вилијам и Кејт (ВИДЕО)

362 прегледи

Меган Маркл и принцот Хари вчера прв пат се сретнаа со принцот Вилијам и Кејт Мидлтон по четири месеци. Експертот за говор на тело, Џуди Зејмс тврди дека нивната средба била далеку од „срдечна средба на која се надевавме“.

Двајцата браќа и нивните сопруги се сретнаа на мисата во Вестминистер Аби, а тоа беше нивната прва јавна средба од ноември и Мегзитот кој следеше два месеци потоа. Тогаш била нивната псоледна јавна средба пред Меган и Хари да се отселат во Северна Америка.

Како што се гледа на видеото, Меган кратко им мафнала со рака и кажала „здраво“ кога Вилијам и Кејт им се доближија. Хари се насмевнал и кажал „здраво“.

Британците заклучија дека Вилијам и Кејт се однесувале ладно и дека Вилијам го игнорирал братот. Џејмс истакнува дека нервозата на Хари може „скоро да се допре“ откако братот не го поздравил.

„Тоа не беше срдечно добредојде кое го очекувавме. Нервозата во говорот на тело на Хари можеше скоро да се допре. Кога Хари стигна на своето место и ја пушти раката на Меган, веднаш се фати за својот венчален прстен, што е начин на самосмирување. Дури и кога е покрај неа, но не ја држи за рака, му недостига и му треба нејзината поддршка. Додека со Меган чекореа кон олтарот, и двајцата им мафтаа на децата, но неговиот израз на лицето беше напнат и тмурен“, тврди Џејмс.

„Хари и Меган изгледаа навистина весело што ги гледаат Кејт и Вилијам, особено Хари кој и се насмевна на Кејт. Додека седеа, Хари и се насмевна на Кејт со отворена уста и рече здраво, додека Меган се насмевна на еднакво пријателски начин. Но кога е во прашање Вилијам, може да видите дека Хари изгледа построго, а устата му е затворена“, рекла Џејмс.

Откако си заминале останатите членови на семејството, Џејмс тврди дека Хари повторно се опуштил, се шегувал и се смеел со луѓето со кои разговарал.

Слични содржини