Откривањето на вонземски живот е еден чекор поблиску

од desk3
75 прегледи

Откривањето на вонземски живот е еден чекор поблиску откако научниците открија планета која е можно да задржи вонземски живот, соопшти БГНЕС. Тим од истражувачи кон Лабораторијата по астрофизика во Марсеј смета дека на планетата Проксима Б, која за првпат беше забележана во август оваа година, може да има океани, а водата е можно да покрива целата нејзина површина на длабочина до 200 км, пишува британскиот . “Индипендент”. Според научниците присуството на течна вода ги зголемува шансите на Проксима Б да постои вонземски живот. Слично на Земјата небесно тело ја обиколува Проксима Кентаур – најблиската ѕвезда на нашето сонце, која се наоѓа на 4.22 светлосни години од нас.

0110069001380618199_567452_292x224
Планетата се наоѓа во орбиталната зона на својата ѕвездата, што значи дека би можела да одржува температура погодна за живот. Според научниците токму Проксима Б би можела да биде и првата екстрасоларна планета, до која човештвото би можело да испрати робот. Планетата се наоѓа поблиску до својата ѕвезда од Земјата до Сонцето, но бидејќи Проксима Кентаур е ѕвезда црвено џуџе е значително ладна.