Откупната клаузула на Дани Алвеш е 100 милиони евра

од Vladimir Zorba

И покрај тоа што има 38 години, Даниел Алвеш има солидна откупна клаузула во договорот со Барселона. Според Радио Каталонија се работи за 100 милиони евра.

Пред неколку дена екстравагантниот Бразилец се врати на „Камп Ноу“ како слободен играч, а вчера и официјално беше претставен. Сепак, тој нема да може да игра до јануари.

Договорот на Алвеш е до крајот на сезоната со опција за уште една година.

Според информациите тој се согласил да биде со најниска плата во клубот за да биде пријавен.

Слични содржини