Денес се одржува гласање во Претставничкиот дом на САД за отповикување на претседателот Доналд Трамп, поради наводното повикување на бунт. Причината за оваа постапка е упадот на демонстрантите во Капитол на 6 јануари.
Претходно денес, Претставничкиот дом, кој е под контрола на демократите, усвои резолуција со која се повикува американскиот потпретседател Мајк Пенс да се повика на 25-тиот амандман, Дел 4, што ќе го отвори патот за смена на Доналд Трамп од функцијата.
Ова не е прв случај против Доналд Трамп. Во септември 2019 година, Претставничкиот дом, предводен од демократите, започна истрага против Трамп за неговиот наводен обид да добие пари за неговата кампања со уцени за продолжување на американската воена помош за Украина.
Во февруари 2020 година, Сенатот, во кој мнозинството се републиканци, го ослободи Трамп од обвиненијата за злоупотреба на службената положба и попречување на работата на Конгресот.
15:16 – Националната гарда го „окупираше“ Капитол
Војниците на Националната гарда се распоредени за да ги заштитат пратениците и персоналот за време на гласањето за импичмент.
The scene at the Capitol Visitor Center – absolutely filled with National Guard. pic.twitter.com/A9JNT7nwlh
— Grace Segers (@Grace_Segers) January 13, 2021
15:00 часот – Започна седницата на која ќе се расправа за отповикувањето
Расправата за отповикување започна во Претставничкиот дом на американскиот Конгрес, иако веднаш беше најавена пауза од 15 минути.