Oтпуштањето на претседателот на синдикалната организација на ЈП „Водовод и канализација” Стојанче Кашиковски е незаконско и спротивно на Колективниот договор, сметаат од СДСМ.
„И според Законот и според Колективниот договор никој не смее да отпушта претседател на сидникална организација.
Дополнително, ова е силен облик на притисок имајќи предвид дека вработените во ова јавно претпријатие се подготвуваат за штрајк, поради кршење на работничките права.
ВМРО-ДПМНЕ и Данела Арсовска го вратија Град Скопје во најцрните денови од режимот, каде директори на јавни претпријатија незаконски отпуштаат вработени и предизвикуваат колапс во работењето.
Сите надлежни институции да се вклучат во расчистување на незаконскиот отказ на претседателот на синдикалната организација во ‘Водовод и канализација’“, стои во соопштението на владејачката партија.