Отпуштен заменик-директорот на ФБИ

од Vladimir Zorba
87 прегледи

Министерот за правда, главниот обвинител на САД Џеф Сешнс го отпушти заменик-директорот на ФБИ Ендрју Маккејб кој активно учествува во истрагата на претседателските избори во 2016 година Во официјално соопштение Сешнс посочи дека ослободувањето на Маккејб од функцијата беше императив, бидејќи внатрешна проверка утврдила дека од него систематски  истекуваат информации кон медиумите и дека намерно е измамени истражителите за своите постапки.

“ФБИ очекува секој вработен да се придржува кон највисоките можни стандарди на чесност, интегритет и одговорност”, истакна Сешнс, додавајќи дека одлуката за предвремено раскинување на овластувањата на Маккејб беше усогласено со Секторот за професионална одговорност на ФБИ и со високи функционери од страна на Министерството за правда. Отпуштањето на Мекејн доаѓа само два дена пред неговиот 50-ти роденден, кога тој требаше да се повлече од ФБИ со целосно пензионирање.

Елиминирањето е поради  тоа – што се случува девет месеци откако Трамп го тргн  и Џејмс Коми- ј а асега ја става пензијата на Меккеб во опасност. Се претпоставува дека ова не е случајност. Причината за ова сомневање е и реакцијата на Трамп на разрешувањето на заменик-директорот. Малку по официјалното објавување на веста американскиот претседател среќно изјави на “Твитер” дека отстранувањето на Маккејб е “одличен ден за вработените во ФБИ и одличен ден за демократијата”. “Ендрју Маккејб отпуштен, одличен ден за работниците мажи и жени во ФБИ – одличен ден за Демократијата.

Праведниот Џејмс Коми беше негов шеф и го натера да изгледа како слабак” твитна  Трамп. Од своја страна Маккејб објави дека е жртва на војната на администрацијата, насочена против ФБИ и специјалниот обвинител, истрагата за  интервенција на Русија во победата на Трамп на изборите.