288
Вкупно 213 непрописно паркирани возила се подигнати минатата недела од јавните површини на Град Скопје. Од нив, 36 се отстранети од зонските паркиралишта, а останатите 177 по налог на сообраќајната полиција.
Санкционирани се и 369 возила од страна на контролорите на зонските паркиралишта поради неплатена паркинг-услуга. Од нив, 36 возила се отстранети со пајак службата, поради пречекорување на дозволеното време на задржување на паркиралиштето.
Од Град Скопје и јавното претпријатие „Градски паркинг“ апелираат до граѓаните да ги паркираат возилата исклучиво на означените паркиралишта, а корисниците на услугите за паркирање, навреме да го регулираат плаќањето за паркинг-услугата.