Отворање на модуларната болница во Штип

По повод поставувањето на модуларната болница во непосредна близина на детскиот оддел, денес министерот Венко Филипче ќе ја посети Клиничката болница во Штип.

Министерот Филипче, ја најави модуларната болница дека ќе биде во употреба до крајот на годината, а истото го стори на средбата со директорите на ЦЈЗ и Здравствениот дом во Штип.

„Имајќи предвид дека Здравствениот дом во Штип е најголем здравствен дом и најголема единица за итна медицинска помош во регионот, притисокот и интензитетот на работа е навистина голем“, посочи своевремено Филипче и најави дека Штип до крајот на месецов ќе добие и ново возило за итна медицинска помош.

Слични содржини