Отворањето преговори со Северна Македонија една од темите на средбата Пленковиќ – Макрон

од Vladimir Zorba

Отворањето на преговорите за членство во Европската Унија со Северна Македонија беше една од темите на синоќешната средба на францускиот претседател Емануел Макрон со хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ.

Двајцата политичари разменија мислење околу динамиката и методологијата на водење преговори со земјите кандидати за членство во ЕУ, со фокус на отворањето на преговори со Северна Македонија и Албанија, пренесува ХИНА.

Макрон и Пленковиќ се состанаа во Брисел на маргините на состанокот на врвот на ЕУ.

Во мај, Загреб и Хрватска како следен претседавач со Европската Унија ќе бидат домаќини и организатори на самитот на лидерите на земји членки на ЕУ. Според најавите, таму ќе бидат поканети да учествуваат и шест држави од Југоисточна Европа. Целта на хрватската Влада е до тогаш да биде постигнат консензус меѓу членките, со цел да се даде јасен сигнал за европските перспективи на овие земји, и за старт на преговорите со Северна Македонија и Албанија.

Слични содржини