„НВО Отворен ден“ за иницијативи на граѓански организации на тема „Младински политики“ ќе се одржи денеска во Владата.
Како што информираат од владината прес-служба, настанот ќе има две сесии на кои свои обраќања ќе имаат министерката за труд и социјална политика Мила Царовска, министерот за здравство Венко Филипче, министерот за образование и наука Арбер Адеми, директорот на Агенцијата за млади и спорт Дарко Каески, директорот на Фонд за иновации и технолошки развој Јован Деспотовски и посебниот советник за млади и спорт Ѓорѓи Тасев.