Отворен ден во Владата за иницијативи на НВО против аерозагадувањето

од Марта Пешевска
184 прегледи

Отворен ден за иницијативи од невладините организации за намалување на загадувањето на воздухот ќе организира денеска Владата од 13:30 часот.

Целта на настанот е владини претставници да ги слушнат идеите на граѓанскиот сектор во насока на консултација за Програмата против аерозагадување 2020.

Најавени се обраќања на  заменик-министерот за животна средина  Јани Макрадули, градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов и претставничката на „Еко свест“, Ана Чоловиќ.