259
СВР Охрид отвори истрага за случајот со пронајденото мртво тело, утрово, во објект во околината на Охрид, на стариот пат Охрид – Струга.
„Според пријавеното на 03.05.2021 во 08.20 часот во СВР Охрид, С.Д. пријавил дека во куќа во близина на болницата „Св.Еразмо“ во Охрид ја пронашол почината М.М. (35) од Охрид, со која живеел заедно во куќата.
Лекар од Итна медицинска помош констатирал дека починатата имала повреда на главата, а по наредба на Јавен обвинител телото било предадено на обдукција“, информираат од СВР Охрид.
Екипа на крим-техника на полицијата врши увид на лице место, по што ќе бидат соопштени повеќе информации за околностите и причините за настапувањето на смртта.