Отворени понудите за универзален снабдувач на електрична енергија за потрошувачите на регулираниот пазар

од Vladimir Zorba
216 прегледи

Во Владата на Република Северна Македонија, вчера од страна на стручна комисија, јавно беа отворени понудите по јавниот повик 09-12895/1 за доделување на договор за универзален снабдувач со електрична енергија објавен на 11.12.2023 година.

Согласно информациите на Комисијата, до објавениот рок пристигнати се понуди на три економски оператори, кои имаат понудено бруто маржи од: 11,4%, 11,4% и 11,45%.

Најпрво се отвори понудата со архивски број 09-663/1 од 11.01.2024 година, пристигната во 11:30 часот. Се констатира дека станува збор за група понудувачи ЕВН Македонија електроснабдување ДООЕЛ Скопје – носител, и ЕВН Македонија АД Скопје – член на групата. Понудената бруто маржа во оваа понуда изнесува 11,4%.

Втора понуда која беше отворена со архивски број 09-663/2 од 12.01.2024 година, пристигната во 10:40 часот. Се констатира дека станува збор за ЕСМ продажба ДООЕЛ Скопје. Понудената бруто маржа во оваа понуда изнесува 11,4%.

Третата понуда која беше отворена со архивски број 09-663/3 од 12.01.2024 година, пристигната во 14:10 часот. Се констатира дека станува збор за Група понудувачи ЕДС АД Скопје, ПАН ИНТЕРТРЕЈД ДОО Скопје. Понудена бруто маржа во оваа понуда изнесува 11,45%.

Според процедурата, после евалуацијата на економско-финансиската и на техничката способност на понудувачите, економските оператори чии понуди ги исполнуваат условите согласно критериумите наведени во тендерската документација ќе бидат поканети да учествуваат на негативно наддавање преку електронска аукција, пришто како почетна вредност ќе се земе најниската од понудените маржи на економските оператори чии понуди ги исполнуваат условите согласно критериумите наведени во тендерската документација.

Понудувачот кој на електронската аукција ќе понуди најниска маржа ќе биде поканет да го потпише Договорот за универзален снабдувач со електрична енергија.

При отворањето на понудите, присутни беа и овластени претставници на дел од економските оператори кои имаа доставено понуди, и истите немаа никакви забелешки за процесот на отворање на понудите.

Постапката треба да се заврши во рок од шест месеци од денот на објавувањето во Службен Весник на одлуката на Владата на Република Северна Македонија за отпочнување на постапката за избор на универзален снабдувач на електрична енергија, која е објавена на 20.10.2023 година. Комисијата ќе настојува да ја заврши евалуацијата во текот на наредната недела, по што ќе следи јавно наддавање кое би се случило до крајот на овој месец.

Слични содржини