Полициските службеници не се оставени сами на себе, Министерството за внатрешни работи ги презема сите потребни мерки за адекватна помош и заштита во моментите кои сите заедно сплотени полесно ќе ги надминеме, изајви министерот за внатрешни работи Наќе Чулев.
Тој информираше дека од денеска во функција се пуштени три телефонски линии на кои стручни лица – психолози, вработени во министерството ќе им бидат на располагање за разговор и психолошка поддршка на полициските службеници и нивните семејства.
-Отворањето на овие телефонски линии се во насока на заштита на менталното здравје на вработените во министерството, односно на полициските службеници кои секогаш се во првите редови во справување со коронавирусот, лицата кои се во изолација и нивните семејства.Советите и поддршката што ќе ги добијат од психолозите преку телефонската линија имаат за цел полесно справување со стравот, анксиозноста, паниката, чувството на беспомошност, тага, опсесивност и негативни мисли кои се јавуваат во вакви кризни ситуации, Чуев.