Отворено писмо од ССМ и УПОЗ до пратениците во врска со предложениот закон за административни службеници

од Stefanija Kuzmanovska
352 прегледи

Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ) и Синдикатотна работниците од управата, правосудните органи и здруженија на граѓани на Република Македонија ( УПОЗ ) го изразуват своето незадоволство од продолжување на практиката закони кои се од сериозно значење за работничките права и интереси да се донесуваат по брза постапка со европско знаменце без почитување на стандардната процедура за донесување на закони со активно учество на заинтересираните страни , по пат на јавна расправа и социјален дијалог преку Економско социјалниот совет, започнува писмото.

„Доколку ваквиот Закон помине, одговорноста ќе биде на тие што го донеле и на тој што го предложил, особено поради тоа што ваквиот Закон значи околу 2.500 денари помалку во џебот на вработените во јавниот сектор за кои се применува Законот за административни службеници што е недозволиво да се случи на крај на мандат, на неколку денови пред избори во Македонија.

Во конкретниот случај станува збор за донесување на Предлог Законот за администретивни службеници со кој се регулираат правата и интересите на дел од вработените во јавниот сектор, ССМ инсистира да се почитува социјалниот дијалог и законот да ја помине целокупната законска процедура, да се овозможи преставник на ССМ да учествува во работата на собраниските комисии кога ќе се разгледува Предлог законот и да се имаат во предвид забелешките , мислењата и предлозите на Сојузот на синдикатите на Македонија и тоа:

Забелешки,мислења и предлози

1.Членот 72 од предложениот текст на Законот за административни службеници да се брише и до отпочнувањето на пресметка на основната бруто платата согласно член 13 од ОКД за јавен сектор на начин што просечната бруто плата се множи со коефициентот на сложеност на работното место да остане на сила член 87 од постојниот Закон за административни службеници кој гласи :

(1) Основната компонента на плата ја сочинуваат:
– минимална плата,
– дел на плата за степен на образование,
– дел на плата за ниво и
– дел на плата за стаж.
(2) Минималната плата е онаа која министерот за труд и социјална политика, ја објавува во „Службен весник на Република Северна Македонија“ согласно со закон.

О б р а з л о ж е н и е

На овој начин во интерес на обезбедување на основната егзистенцијата на вработените во јавната администрација во услови на инфлација, зголемени цени на основните животни продукти и енергенсите и намалената куповната моќ на населението, потребно е во текот на 2024 година да се изврши усогласување на платите на вработените во јавниот сектор со порастот на минималната плата, а од 01.3.2025 година, ќе отпочне пресметка на основната бруто платата согласно член 13 од ОКД за јавен сектор на начин што просечната бруто плата се множи со коефициентот на сложеност на работното место.

2. Во член 73 да се уреди учество на синдикатот во преговорите со Владата за утврдување на вредноста на бодот неопходни за пресметување на основната платата на државните и јавните службеници, односно коефициентите на сложеност на одредени работни места да се уредат со колективен договор.

3. Член 75 да се преформулира и да се исклучи можноста за добивање на слободни денови за ангажман за работа надвор од редовното работно врема туку за ваквите ангажмани вработените да добијат соодветен паричен надоместок согласно закон и КД.

4. Во член 64, застареноста кај поведувањето на дисциплинските постапки да се ограничи на 1 месец од дознавање и 3 месеци од сторување на повредата“, се наведува во писмото, соопштуваат од Сојуз на синдикатите на Македонија.

 

Слични содржини