Ова е храната која го ЗАБРЗУВА стареењето на мозкот

од Vladimir Zorba

Одредена храна може да го забрза стареењето на нашиот мозок. Главната работа што треба да ја имате на ум е храната која предизвикува воспалителни процеси.

Серена Пун, овластен нутриционист и познат готвач, смета дека таквата храна не само што го нарушува физичкото здравје, туку предизвикува и побрзо опаѓање на функцијата на мозокотa.

Некои од главните причини за воспаление, како што се додадениот шеќер, преработеното месо и рафинираните јаглехидрати, се доста присутни во стандардната исхрана.

Пун истакнува дека се покажало дека консумирањето големи количини на додаден шеќер ја ослабува меморијата и го зголемува ризикот од деменција. За жал, додадениот шеќер може да се најде речиси насекаде: од пијалоци и десерти до преливи за салати кои изгледаат како здрави.

Одлучете се за незасладени опции или обидете се да подготвите храна дома за да ја контролирате потрошувачката на шеќер – заклучува таа.

Слични содржини