1,1K
На актерката Кејт Винслет ѝ беше доделена наградата за најдобра актерка за улогата во филмот „I am Ruth“.
Таа на доделувањето на наградите БАФТА дојде во друштво на својата ќерка Миа Триплтон, која исто така игра во споменатиот филм.
За оваа прилика Кејт облече елегантен црн вечерен фустан. Многумина коментираа дека Миа убавината ја наследила од својата мајка.
„Кога би можела да ја преполовам оваа награда, другата половина би ѝ ја дала на мојата ќерка Миа Триплтон. Ова го направивме заедно, малечка“, изјави Винслет.