Ова е листата на фирми кои земале државна помош, а не исплатиле плати

од Берта Китинска
486 прегледи

Владата ја објави листата на работодавачи кои земале финансиска поддршка за исплата на плати за февруари и март 2021 година, а истата не ја исплатиле на вработените.

Како што соопшти директорката на Управата за јавни приходи Сања Лукаревска, не се исплатени 753 месечни плати, а одобрената, но неисплатена финансиска помош е вкупно 12 071 908 денари или 2 738 715 денари за февруари и 9 333 193 денари за март.

Овие работодавачи се од дејностите, од подготовка на оброци и служење храна, 61, од дејноста трговија на мало, 33, од дејноста копнен транспорт, 24, но има и од специјализирани градежни дејности, трговија на големо и мало со моторни возила и мотоцикли, правни и сметкодовствејни дејности.

Ажурираната анализа на неисплатена државна помош за месец февруари и март 2021 година за минимална плата од стана на работодавачите корисници на оваа помош е достапна тука.

Слични содржини