Ова е најстарата жена на светот

 

Кане Танака е најстарата личност на светот, а 117 роденден го прослави во старечки дом во Фукуоки на југот од Јапонија.

Не роденденското славење во неделата присуствувале вработените во домот и пријатели.

Танака, чиј роденден бил на 2 јануари, со насмевка на лицето јадела од роденденската торта и зборувала дека сака уште.

Танака минатата година е прогласена за најстара жива личност во светот, според Гинисовата книга на рекорди.

Нејзината рекордна бројка на години ја симболизира јапонската долговечност, која со ниска стапка на родени ја зголемува грижата за работната сила и можноста за иден економски раст.

Танака е родена во 1903 година, а во 1922 се омажила за Хиде Танака. Парот имал 4 деца и пет посвоени.

Слични содржини