Се појавија нови фотографии од суштество кое личи на змија за кое се тврди дека е чудовиштето од Лок Нес од Шкотска, познатата Неси, чие постоење никогаш не е докажано. Новите фотографии од митскиот ѕвер кој и понатаму ја интригира јавноста, особено британската јавност, се оценети како „највозбудливите досега“.
Фотографиите, на кои наводно се гледа телото на ѕверот на површината на езерото, се направени уште во 2018 година, но биле чувани во тајност бидејќи авторот се плашел од јавен потсмев.
Но, Чи Кели, која вели дека фотографирала и го видела суштеството како се движи со „изедначена брзина“, одлучила да излезе во јавноста по масовниот лов на митското чудовиште минатиот викенд. Таа му ја покажала снимката на Стив Фелтам, кој помина повеќе од 30 години обидувајќи се да ја реши мистеријата и кој ги опиша како најдобрите површински слики на Неси што некогаш ги видел, пренесува „Телеграф“.
Чи Кели, инаку преведувач, рече дека таа и нејзиниот сопруг Скот ја фотографирале областа по ручекот во Дорес Ин, на брегот на езерото, додека биле на семеен одмор на 13 август 2018 година.
Loch Ness monster 'sighting'
Chie Kelly, a translator, took the photos in 2018 https://t.co/t1c5krFM5T pic.twitter.com/UQazyqhXw9— Codey369 (@Codeym369) August 31, 2023
„Само го користев мојот фотоапарат од Канон за да ги фотографирам Скот и нашата ќерка Алиса, која тогаш имаше пет години, кога на околу 200 метри од брегот, движејќи се од десно кон лево со рамномерна брзина, се појави тоа суштество“, вели 51-годишната жена.
„Повремено се вртеше. Ниту за момент не ја видовме главата или вратот. По неколку минути едноставно исчезна и не го видовме повеќе… Прво се прашував дали е тоа видра или неколку видри, но никогаш не ја видовме главата и не се појави повторно. Правеше чудни движења на површината. Не слушнавме никаков звук. Имаше чудни форми под површината. Не можев да издвојам никакви бои – водата беше темна“, го опишува настанот Кели.
„Не можев точно да ја проценам должината, но двата дела што беа видливи беа помали од два метра заедно“, додаде таа. „Не знам што беше, но дефинитивно беше суштество – животно. Во тоа време не сакав да се изложувам на потсмев на јавноста со објавување фотографии… Отсекогаш верував дека има нешто во Лок Нес, дека има нешто необично таму, но не знам што е тоа. Она што го видов личеше на змија. Дефинитивно беше суштество и се движеше“.
„Ова се највозбудливите површински слики (на Неси) што сум ги видел. Тие се токму такви слики што сакав да ги направам три децении. Ретко е да се види нешто толку јасно на површината“, рече Фелтамј кој ја убедил Чи Кели да ги објави.