Песков: Вагнер повеќе не постои

од Stefanija Kuzmanovska

Кремљ денеска ги отфрли написите на „Волстрит журнал“ дека руската приватна воена група „Вагнер“ планира да му обезбеди на милитантниот либански Хезболах противвоздушен систем, велејќи дека таквата приказна нема основа бидејќи Вагнер „де факто не постои“.

„Веќе рековме дека, де факто, таква група (Вагнер) не постои“, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, пренесе „Ројтерс“.

 

Коментирајќи го сознанието дека синот на основачот Евгениј Пригожин, Павел (25) станал водач на таа група по смртта на неговиот татко во хеликоптерска несреќа, Песков на прес-конференцијата рече дека тоа не е работа на руската држава.

„Ова не е прашање за нас. Ова не е тема со која се занимаваме и немаме никакви информации за тоа“, рече Песков.

Слични содржини