Шок терапијата со назначувањето на Чави Ернандез за тренер на Барселона се уште не дошла до израз, па каталонскиот тим по 15 кола има пад од цели 16 бода во однос на водечкиот Реал Мадрид.
Барселона во саботата вечерта беше поразена на домашен терен од Бетис, додека Реал победи на „Сан Себастијан“ и благодарение на Лука Јовиќ стигна до голема победа.
Само најголемите песимисти веруваат дека Барселона може да ја освои титулата оваа сезона, но минатото не учи дека чудата се можни и токму тоа треба да ги одржува во живот избраниците на Чави.
Утрото по четвртиот пораз во лигата, каталонски „Спорт“ потсетува на сезоната 2003/2004 кога Барселона под водство на Франк Рајкард, по 18 кола, исто така заостануваше далеку, а потоа заврши прва со два бода повеќе од најголемиот ривал.
Тоа беше бравурозен втор дел од сезоната на Барселона, кој постигна исто толку победи на последните 17 натпревари, додека Реал губеше од сите во последните пет натпревари.
Друга сличност е што Жоан Лапорта таа сезона ја имаше својата дебитантска година на кормилото на Барселона, а тоа е случај и сега во вториот мандат.
Тогаш Шпанецот го ангажираше некогашниот легендарен играч на Милан и на холандската репрезентација, а во тимот имаше ѕвезди како Роналдињо, Рафа Маркез, Ето, Деко, Жили, Белети, Ларсон и други.
Таа сезона во тимот беше и Чави, кој донесе победа против Реал Мадрид во 86. минута од „Ел Класико“.
Сè потсетува на таа сезона, дали историјата ќе се повтори?