Јас сум еден од организаторите, а претседатели сме сите ние кои дојдовме тука. Вие се наоѓате во нашиот клуб на неповторливиот и бесмртен поет Никола Вапцаров. Нашиот клуб е ранет. Една буква поправивме, но гледате дека сега фали друга буква. Сакам да изразам благодарност кон нашите браќа од Канада и Меѓународната организација за заштита на правата, изјави на Атанас Мазнев, еден од основачите на македонскиот културен клуб во Благоевград, „Никола Вапцаров“.
Тој изрази благодарност и до сите Македонци од Пиринска Македонија кои помогнале за настанот. Мазнев му се заблагодари на Раде Силјан кој изјавил дека ќе подари 300 тома литература за клубот.
-Тука имаме Македонци од четири држави и имаме поздрави од Европа и Америка. Ова е сеопшт македонски собир и како таков сакаме да изградиме мост меѓу двата народи, меѓу двете држави. Тоа во аманет ни го остави Гоце Делчев, рече Мазнев на бугарски јазик.