Ова е состојбата на патиштата вечерва: Снег на Шапка, магла на Плетвар, одрон на патот Маврово-Стража

од desk4
79 прегледи

 

Собраќајот на државните патишта се одвива тековно по влажни коловози, информират од ЈП „Македонија пат“.

Слаб снег провејува на Попова Шапка, додека магла со видливост од 50 до сто метри има на Плетвар.

На магистралниот пат А2 крак Маврово – Стража (два километри пред планинскиот превој) има поголем одрон.

Екипите на „Македонија па“’ се на лице место и работат на расчистување.

Моментално сообраќајот се одвива по една коловозна лента со присуство на сообраќајна полиција.

На магистралниот пат А3 Делчево – М.Каменица има свлечиште, а сообраќајот се одвива по направена девијација (15-20м).

Јавното претпријатие апелира на внимателно возење и прилагодување на брзината спрема условите на патот.

На одредени патни правци кои поминуваат низ клисури и усеци можна е појава на поситни одрони.