„Ова е загрижувачко“: Маск спречил планиран украински напад врз руски брод кај Крим?

од Stefanija Kuzmanovska
579 прегледи

Украина мораше да се откаже од неколку напади со беспилотни летала врз руски цели затоа што Елон Маск, извршниот директор на SpaceX, сопственик на сателитската интернет мрежа Starlink, одбил да ѝ даде пристап до истата, пишува Daily Mail.

Киев планирал да употреби миниран дрон за напад на брод на морнарицата на Руската Федерација, кој е закотвен во пристаниште на полуостровот Крим.

Меѓутоа, Маск не им дозволил на украинските сили да пристапат до Starlink бидејќи, како што претходно рече, не дозволува тој да се користи за офанзивни дејства. Поради ова Украина се откажала од нападот на споменатиот брод.

Врховниот командант на украинските вооружени сили, Валери Жалузни, наводно сакал да стапи во контакт со началникот на Здружениот штаб на американската армија, генерал Марк Мили, за да му се пожали дека Маск може да одреди што може, а што не може да направи украинската армија.

Жалузни рече дека е вознемирувачки фактот што Маск оневозможил неколку планирани напади.

Маск се уште не ги коментирал овие наводи.

Советникот на претседателот на Украина Михајло Подољак изјави за „Телеграф“ дека војната во Украина е влезена во критична фаза и дека на украинските сили им е потребна оперативна и технолошка независност.

„Зависноста од одлуките и нивното спроведување мора да биде 100 отсто. Доколку нашите оперативни операции зависат од надворешни фактори и трети страни, тогаш нашата армија е изложена на голем ризик“, рече Подољак.

Одлуката на Маск беше критикувана од Улрике Франке, виш научник во Европскиот совет за надворешни работи и астронаутот на НАСА, Скот Кели.

Откако Русија ја нападна Украина на крајот на февруари 2022 година, Маск му дозволи на Киев да го користи Starlink за да не зависи од нејзината инфраструктура, која Москва почна да ја уништува. Сепак, Маск рече дека Starlink треба да се користи исклучиво за одбрана и оттогаш таа позиција не е променета.

Оваа последна контроверзност доаѓа откако претседателката на SpaceX, Гвин Шотвел, во февруари рече дека ќе го ограничи пристапот на Киев до Starlink за воени цели. Шотвел рече дека Украина ќе може да го користи за нормални комуникации и хуманитарни акции. Украина, сепак, го користеше Starlink и за напади со беспилотни летала.

Слични содржини