Ова ги чека и нашите деца: Погледнете како германските ученици се враќаат во училниците (видео)

од Nikola Popovski
188 прегледи

Средношколците во Бон полека се навикнуваат на живот по коронавирусот – подолги редови со подолги растојанија и клупи одделени со ленти.

„Ние го намаливме бројот на ученици на час. Сега имаме осум деца во една училница и повеќе смени”, изјавил директорот на гимназијата,  Мартин Финке за Ројтерс.

Ова значи, додава тој, дека учениците ќе стојат во линија пред училницата и ќе мора да ги мијат рацете и потоа да седнат на нивните клупи, кои се резервирани само за нив.

„Почнавме да ги поучуваме децата дека ова ќе биде нова рутина и начинот на кој тие би се однесувале на час“, додаде тој.

Мерките за привремена заштита и социјална оддалеченост,на кои инсистира германската влада, се остварија и земјата полека започна да отвора ограничен број училишта и продавници.

„Ова е почеток на нешто ново и се надевам дека ќе всадиме доверба кај учениците и чувство на заедништво во оваа нова реалност за да можеме сите повторно да се дружиме“, рече Финке.

Тој додаде дека ова е реалност на која ќе мора да се навикнат и после завршувањето на училиштата во август.

„Сега имаме нов предмет што го учиме секој ден, а тоа е хигиената“, вели директорот на училиштето.