Ова го има само во САД: Трагедијата во Лас Вегас ја зголемила продажбата на оружје

од desk2
82 прегледи

Додека едни купуваат оружје за да се одбранат во случај на сличен напад, други купуваат плашејќи се од заострувањето на либералните закони за негово купување.


Произведувачите на оружје задоволно ги тријат рацете по најсмртоносното пукање во американската историја, бидејќи дошло до нагло растење на продажбата на оружје, во главно пиштоли, но и полуавтоматски пушки.

Додека едни купуваат оружје за да се одбранат во случај на сличен напад, други купуваат плашејќи се од заострувањето на либералните закони за негово купување. Потсетуваме, вториот амандман на Уставот на САД на граѓаните на САД им гарантира право да поседуваат оружје. Истовремено, Невада има еден од најлибералните закони за поседување и носење на оружје од сите американски држави. Во оваа држава не е потребна дозвола за купување на оружје, и во продавниците купецот воопшто не се проверува, а дозволено е да се носи оружје и на гласачко место, бар или казино.

Благодарение на зголемената продажба на оружјето, пораснале и вредностите на акциите на компаниите кои го произведуваат.

Така вредноста на акцијата на компанијата “Олин Корп”, која прави секакви видови муниција, е зголемена за 5,1 процент на берзата, додека акцијата на “Американ аутдор брендс корп” пораснала за седум проценти.