Натпреварот од второто коло од квалификациите за Лигата на шампионите меѓу Фенербахче и Динамо Киев беше одбележан со шокантни провокации на турските навивачи.
Навивачите на Фенер го скандираа името на Владимир Путин на натпреварот против Украинците и со тоа предизвикаа голема бура во јавноста.
Во украинскиот гигант се згрозени од однесувањето на навивачите на турскиот тим.
„Одигравме како што се договоривме. Не обрнувавме многу внимание на навивачите, но навистина не очекував вакво нешто. Ова навивање е ужасно, што да кажам друго“, изјави стратегот на украинскиот клуб.
Да потсетиме, Динамо по продолженијата го елиминира Фенербахче и ја продолжува борбата за групната фаза од најелитното европско натпреварување.
Украинците во третото коло од квалификациите за Лигата на шампионите ќе играат против Штурм, додека Фенербахче се сели во квалификациите за Лига Европа каде во Чешка ќе ги одмери силите со Словачко.