Ова не се забележа во пренос! Мбапе со солзи во очите до Анчелоти: „Не можам повеќе“

од Vladimir Zorba
217 прегледи

Актуелниот европски првак Реал Мадрид е последниот кој се пласираше во четвртфиналето на Лигата на шампионите, откако во пенал рулетот го елиминира градскиот ривал Атлетико. Сепак, лудиот дуел го одбележа контроверзноста со ударот од белата точка на Јулијан Алварез.

Килијан Мбапе беше под знак прашалник за мечот поради повреда, но херојски настапи цели 120 минути и го постигна првиот гол од пенал за Реал.

Напаѓачот видно исцрпен го заврши натпреварот, а во последните минути од судиското продолжение едвај се движеше на теренот.

„Едвај одам, целосно сум исцрпен, не можам повеќе“, со солзи во очите му порачал Мбапе на тренерот Карло Анчелоти, додека искусниот стратег се обидувал да го охрабри барајќи од него да се задржи уште малку.

Клучно ќе биде Анчелоти да го задржи Мбапе во оптимална физичка кондиција до крајот на сезоната, поради што можеби ќе го одмори на претстојниот првенствен меч против Виљареал, иако и тие бодови се исклучително важни за Реал.

Сепак, она што се смета за апсолутен приоритет во Мадрид се четвртфиналните пресметки со Арсенал – првите на 8 април во Лондон и реваншот на 18 април на „Сантијаго Бернабеу“.

Слични содржини