Ова се 11 најдобри серии на деценијата

Помалку од две недели не делат од влегувањето во новата деценија, затоа е време да ги погледнеме најдобрите телевизиски остварувања кои не веселеа овие 10 години. Не некои од овие серии се смеевме, на некои плачевно, а поради некои биле поткренати и големи расправии на социјалните мрежи.

Во продолжение погледнете го пописот на BuzzFeed од 11 најдобри телевизиски серии во оваа деценија.

1. Game of Thrones

Game of Thrones дефинитивно беше една од најуспешните серии во историјата на телевизијата, која ни ги подари некои од најдобрите епизоди и незаборавни ликови кои се бореа за железниот престол. Првата епизода е емитувана на 17 април 2011 година, а последната во мај оваа година. Таа предизвика големи расправии на интернетот.

2. Fleabag

Fleabeg е британска хуморитично-драмска серија која беше создадена под палката на Фиби Валер Бриџ, кој е и главната актерка. Премиерно беше претставена во 2016 годиина, но популарноста ја стекна во 2019 поради извонредната втора сезона.

3. Breaking Bad

Иако првите две сезони настанаа во раните 2010, популарноста и влијателноста на овааа серија пораснаа за време на 2010 година. Приказната се врти околу професорот по хемија Волтер Вајт и неговиот помошник Џеси Пинкмен кој поради производството и продажбата на дрога ќе стане силна алка во тамошното подземје.

4. Stranger Things

Оваа серија не само што ја разбуди носталгијата за осумдесетите, туку и ги собра новите млади сили на актерството. Stranger Things е американска научно-фантастична серија која со сигурност го обележа крајот на декадата.

5. The Office

Оваа серија како и Breaking Bad започна во минатата декада, но најпопуларната фаза ја имаше во 2010 година. Поради својот необичен хумор стана една од најважните серии во историјата. Фиктивната серија The Office го покажува скеојдневниот живот на вработените низ документарна призма, таканаречена мокументари.

6. Veep

Тешко е да се зборува за серии од оваа декада без да се спомене Џули Луис Дрејфус во серијата Veep, која ја отелотвори Селина Мајер. Критичарите сметаат дека ова ѝ е една од најголемите улоги. Veep е една од најдобрите хумористични серии на оваа декада.

7. Orange is The New Black

Една од првите важни серии на Нетфликс, Тв серијата Orange is The New Black со сигурност ја докажа различноста на силните женски ликови, и фактот дека тие и тоа како можат да направат извонредна серија.

8. Brooklyn Nine-Nine

Од една од потценетите серии, стана една од најомилеите. Дејството е сместено во измислена полициска станица која се наоѓа во Бруклин, а цело време ги следи детективите во урнебесни ситуации.

9. How to Get Away with Murder

Серијата е отценета како едно од најимпресивните ТВ остварувања, а дејството ја следи професорката Аналис Китинг која на студентите и предава предмет Како да се извлечат од убиство со лекции кои морат да ги примеат во реалниот живот.

10. Chernobyl

Серијата се темели на вистински случувања поврзани со нуклеарната катастрофа која се случила во Советскиот Сојуз во 1986 година. Дека е една од најдобрите серии зборува и тоа што ја победи Breaking Bad како најмногу отценувана серија на сите времиња по IMDB.

11. Pose

Оваа серија можеби започна во оваа декада, но и тоа како ќе биде важна во наредната. Pose е драмска телевизиска серија за афроамериканската и латиноамериканската LGBTQ заедница во Њујорк кон крајот на 80-тите и почетокот на 90-тите.

Слични содржини