Ова се децата кои 15 часа висеа на жичарницата над провалија: Сите се безбедни (ВИДЕО)

од Stefanija Kuzmanovska
408 прегледи

Сите осум патници се спасени од кабината на жичарата која повеќе од 15 часа висеше на 400 метри над провалијата во Пакистан.

Седум деца на возраст од 11 до 15 години и нивнито наставник останале заробени во гондола откако една од сајлите им се скинал додека патувале на училиште.

Две деца беа спасени со хеликоптери во текот на денот, пред другите да бидат извлечени на безбедно преку зип-лајн за време на ризична ноќна операција.

На застрашувачките снимки што беа објавени, може да се види како патник виси од јажето прикачено на хеликоптерот пред да биде вовлечен во леталото.

„Тоа е деликатна спасувачка операција. Со секој обид да се доближи спасувач со хеликоптер до жичарницата, налетите на ветрот од роторите ќе се вртат и ќе ја нарушат жичарницата, предизвикувајќи децата да плачат од страв“, рече локалниот градоначалник.

Како што падна ноќта, хеликоптерите беа повлечени и спасувањето продолжи преку зип-лајн додека последниот патник не беше безбеден.

На фотографиите се гледаат децата по спасувањето, уморни и исцрпени, додека на некои од нив им била укажана лекарска помош.

Децата оделе на училиште со жичара во северозападен Пакистан, во планинскиот дел на земјата.

Жичницата поврзува две населени места и има две сајли од кои едната пукнала.

Многу деца кои живеат во оддалечените и планински области на Пакистан користат жичарници за да стигнат до училиште, но некои од нив не се одржуваат редовно и може да бидат ризични за користење, наведе АП.

Слични содржини