Ова се најчестите презимиња во Европа: Знаете ли кое е во Македонија?

од Stefanija Kuzmanovska
389 прегледи

Нашето најпопуларно презиме всушност и не е толку тешко да се погоди. Најпопуларното презиме во Македонија е – Стојановски!

Честопати само по презимето лесно можеме да погодиме од каде доаѓа некој, па Смит ќе биде типично британско презиме, додека со голема сигурност можеме да кажеме дека презимето Поповиќ е црногорско.

Во Италија најмногу луѓе го имаат презимето Роси, Гарсија е најчестото презиме во Шпанија, а Силва во Португалија.

Борг е всушност најчестото презиме во – Сицилија. Во соседна Унгарија повеќето луѓе го имаат презимето Наѓ, во Србија – Јовановиќ, во Босна и Херцеговина – Хоџиќ.

Инфографикот на најчестите презимиња во Европа покажува и како мигрирале луѓето, па оттука и фактот дека одредени презимиња се јавуваат како најзастапени во неколку земји. Но, ваквите картички се менуваат од време на време со оглед на промената на бројот на луѓе кои носат одредено презиме.

Слични содржини