Ова се полубраќата на Џенифер Анистон со кои е во многу лоши односи

од Elena Daskalova

Џенифер Анистон е една од најомилените холивудски актерки, која најголема популарност стекна со улогата на Рејчел во култната серија „Пријатели“.

Она поради кое публиката ја обожава е и нејзината природност, но и тоа што не е карактеристично за неа да прави јавни скандали, дури и кога мине низ наголемите животни драми.

Но, малку познати факти за неа се дека има двајца полубраќа, еден од кај мајка ѝ и еден по татко. Џон Мелик е син на нејзината мајка Ненси Дау и Џек Мелик. Тој има работено како асистенр режисер и неговото име стои на повеќе проекти од филмската и театарската област.

Џенифер првпат го спомна кога почина нивната мајка пред три години. Таа не беше во добри односи ниту со мајка ѝ, но во последните години, пред смртта, успеале да ги смират односите. Подоцна, Џон ја обвини ќерка си Елиш дека ја натерала баба си да го промени тестаментот со тоа што ќе добие повеќе пари, а на родителите нема да им остави ништо. Ова никогаш не се докажа на суд.

Многу повеќе внимание привлекува 30-годишниот Алекс Џон Анистон, кој нејзиниот татко Џон го доби со втората сопруга Шери Руни. За него е познато по тоа што секогаш е невработен, но и дека не се грижи за децата кои ги доби со поранешната девојка Адријана Халек.

Таа изјавила дека тој не ни прашува за нив, ниту пак плаќа алиментација, а помалата ќерка ја има сретнато само еднаш во животот.

Алекс Џон го мрази своето славно потекло и често се претставува со друго име, за да не го поврзуваат со Џенифер. Тој го презира нејзиниот живот и мисли дека таа нема идеја како е да се живее во реалниот свет.

Слични содржини