Освен Шпанија, Италија и Швајцарија, чии песни ги слушнавме синоќа во првата полуфинална вечер, во неизвесната завршница дознавме уште 10 песни што повторно ќе ги слушнеме во сабота.
Во првата полуфинална вечер слушнавме 18 песни што земјите учеснички на Евровизија оваа година ги испратија на ова популарно музичко натпреварување.
Како што е веќе познато, Италија и Шпанија веќе се автоматски во финалето, како и Швајцарија, која е домаќин на натпреварувањето оваа година поради минатогодишната победа со песната „The Code“. Од вкупно 15 песни што беа претставени вчера обидувајќи се да се пласираат во финалето, 10 од нив се пласираа во финалето.
Следните земји се пласираа во финалето:
-Норвешка
-Албанија
-Шведска
-Исланд
-Холандија
-Полска
-Сан Марино
-Естонија
-Португалија
-Украина