Ова треба да го знаете: Дали презервативите можат да ве заштитат од коронавирусот

Со оглед на тоа дека коронавирусот се шири се повеќе во светот, луѓето на сите можни начини се обидуваат да се заштитат и информираат за како точно да го направат тоа.

Се советува избегнување на контакт со заразени лица, но што кога станува збор за интимниот контакт? Дали користењето на презервативи може да биде доволна заштита?

За сега, малку се знае за тоа како вирусот се шири преку телесните течности.

„Поради тоа што е нов вид на вирус не знаеме како се пренесува од личност на личност. Мешутоа, знаеме дека слични вируси се шират со кашлање и кивање. Експертите сметаат дека исто и со COVID -19, но потребни се уште истражувања“, рекол др. Симран Дио, пренесува mondo.rs

Исто како што е најдобро да одбегнувате контакт со лице кое има грип, логично е да не се доближувате премногу на лица кои имаат сиптоми на коронавирус.

НЕ се собетува да имате односи со личности која има симптоми на коронавирус, дури и со користење на презервативи.

Докторите истакнуваат дека нема докази дека телесните течности можат да го пренесат вирусот. Но, не само што не се препорачува да имате односи со лице кое има симптоми, туку не се советува ниту бакнување, дури и преку маска.

„Кога станува збор за маските, постои многу малку докази дека тие воопшто помагаат. Вирусот може да се задржи на нив, па дури и да помине преку влакната“, вели докторот и препорачува доколку ги користите, после секоја употреба да ја фрлите во затворена канта и веднаш да измиете раце.

Слични содржини