Оваа европска земја воведува ковид пасоши: Сертификатот за вакцинација ќе се користи од март

од Берта Китинска
185 прегледи

Министрите во британската влада ја поддржаа употребата на сертификати за вакцинација за Британците кои сакаат да патуваат во странство оваа година, сепак, сè уште не е познато дали таквите сертификати ќе бидат потребни од патниците кои сакаат да влезат во Велика Британија, пренесува „Дејли меил“.

Сертификатите ќе послужат како доказ за примената вакцина против коронавирусот и ќе ги изработува британската влада, следејќи ги примерите на Грција, Шпанија, Полска, Португалија, Исланд, Данска, Шведска …

Оваа одлука е донесена во моментот кога се очекува договор за системот за патувања на меѓународно ниво, и додека се повеќе земји одлучуваат да имаат т.н. ковид пасоши, т.е. сертификати за вакцинација, воведени на национално ниво.

Асоцијацијата на авиокомпании ИАТА разговараше со британската влада за својата апликација Травел Пас, што може да функционира како потврда, пренесуваат медиумите, додавајќи дека Министерството за транспорт на Обединетото Кралство покажало голем интерес.

Патниците треба да ја преземат апликацијата како доказ за нивната вакцинација или авиокомпаниите би можеле да ја користат постојната IATA технологија и да ја вметнат во своите апликации. Другите можни методи за докажување на вакцинацијата вклучуваат QR кодови и скенирање на софтверот за препознавање лице на аеродромите.

Според „Дејли меил“, ковид пасоши би можеле да се користат во Велика Британија веќе во март.