Оваа крвна група е поотпорна на короната

од Stefanija Kuzmanovska
509 прегледи

Голема студија сугерира дека луѓето со нулта крвна група или Rh-негатив би можеле да бидат изложени на малку помал ризик од новиот коронавирус.

Меѓу 225.556 Канаѓани тестирани на вирусот, ризикот да се дијагностицира ковид 19 е 12 проценти помал, а ризикот од тежок облик на ковид-19 или смрт за 13 проценти помал кај луѓето со нулта крвна група од оние со A, AB или B , објавија истражувачите во Annals of Internal Medicine.

Поединци во која било крвна група кои биле Rh-негативни, исто така биле заштитени до никаде, особено ако имале нулта негативна крвна група.

Луѓето со овие крвни групи може да имаат развиено антитела кои можат да препознаат некој аспект на новиот вирус, изјави за Ројтерс коавторот д-р Џоел Реј од болницата Сент Мишел во Торонто.

„Нашата следна студија конкретно ќе ги разгледа ваквите антитела и ќе види дали тие го објаснуваат заштитниот ефект“, рече Реј.

Дали и како оваа информација може да влијае на превенција или третман на ковид 19, сè уште не е јасно.

Слични содржини