Оваа крвна група има најголема опасност од СРЦЕВ УДАР

од Stefanija Kuzmanovska
569 прегледи

Научниците велат дека крвната група може да влијае на зголемениот ризик од срцев удар.

Здравјето на срцето е една од работите кои мора да ги одржувате затоа што срцевите заболувања се причина број еден за смртност во светот. Според истражување, вашата крвна група игра голема улога притоа.

ЛИЦАТА СО КРВНА ГРУПА А СЕ НАЈЗАГРОЗЕНА ГРУПА

Кога зборуваме за срцев удар, луѓето кои имаат крвна група А сепак се најзагрозената група со дополнителни 11 отсто шанси за развој на срцев удар. Според стручните портали, срцевиот застој и срцевиот удар се форми на срцеви заболувања, но застојот обично се развива постепено, додека срцевиот удар се настапува веднаш.

Според Европското здружение за кардиологија, зголемените шанси за развој на овие состојби кај сите крвни групи, освен 0 може да бидат затоа што се подложни на развој на згрутчување на крвта. Научниците открија дека можеби работата е во тоа што овие крвни групи се носители на протеин кој е поврзан со формирање на згрутчувања во крвта. Ова беше потврдено со друга студија годинава, според која луѓето со крвни групи А и Б имаат 44 отсто поголеми шанси да доживеат тромбоза.

Слични содржини