300
Бледата крем боја е хит оваа пролет и лето!
Колку сме поблиску до летната сезона, толку повеќе сакаме да носиме полесни материјали и посветли бои.
Белата е најпопуларна во топлите месеци, но сега оваа нијанса е исто така на модниот радар.
Во споредба со белата, која може да изгледа прилично „груба“ во стајлингот, а особено во монохроматските изданија, кремастата нијанса на беж е посуптилна и исклучително елегантна.
Крем нијанса на бела е идеален избор за сите оние кои сакаат да преминат во поформален изглед без да го менуваат својот аутфит.
Бледо беж бојата на модните парчиња е веќе нашироко тестирана од познатите љубители на модата.