Оваа земја е ПРВА која воведе задолжителна ВАКЦИНАЦИЈА за наставниците

од Stefanija Kuzmanovska
256 прегледи

Калифорнија станува првата американска држава која бара од наставниците и училишниот персонал да бидат вакцинирани против коронавирус или да се тестираат еднаш неделно до почетокот на учебната година.

Гувернерот на Калифорнија, Гевин Њусом, рече дека таквата мерка е планирана поради загриженост за многу заразната делта варијанта на коронавирусот.

Обврската за вакцинација се однесува и на државните и на приватните училишта и ќе опфати повеќе од 800.000 вработени, пренесува АП.

Њусом ги објавија новите мерки во училиштето во Сан Франциско Беј, кое започна да предава во живо повторно на почетокот на оваа недела.