Овации за Андреа на Евровизија: „Нема граници за неверојатниот глас“ (ВИДЕО)

од Nikola Popovski
436 прегледи

Македонската претставничка на Евровизија, Андреа Коевса вечерва настапи на втората полуфинална вечер со песната „Circles“, во арената Пало Олимпико во Торино.

Андреа настапи под реден број 11.

Нејзиниот настап беше испратен со громогласен аплауз и овации.

„Нема граници за неверојатниот глас на Андреа“, објавија од официјалниот Твитер профил на Евровизија, покрај видео од нејзиниот настап.

Покрај Македонија, за пласман во финалето вечерва се борат Финска, Израел, Србија, Азербејџан, Грузија, Малта, Сан Марино, Австралија, Кипар, Ирска, Естонија, Романија, Полска, Црна Гора, Белгија, Шведска и Чешка.

Првото полуфинале на Евровизија беше на 10 мај, кога настапија 18 земји, а во финалето се пласираа претставниците на Швајцарија, Ерменија, Исланд, Литванија, Португалија, Норвешка, Грција, Украина, Молдавија и Холандија.

Слични содржини